1.МФЛ: Ветеранот Маневски ја сруши Шкендија, рутинска победа за Вардар!

Последната рунда за оваа година се одигра денеска, па фудбалерите од Првата македонска лига одат на заслужен одмор во наредни два месеци. Пелистер го сруши есенскиот шампион Шкендија со погодокот на Борче Маневски во 90-та минута, а составот на Вардар рутински забележа победа на гостувањето против Беласица со 0:3. Тимот на Македонија ЃП загуби на домашен терен од Ренова со 2:3. Имавме две гостински победи со по 1:2, и тоа: Струга беше подобра од Шкупи, а Академија Пандев го совлада Силекс. Фудбалскиот клуб Работнички, во Скопје го доби тимот на…

Шкендија полека но сигурно ја зголемува предноста, Пелистер победи по скоро три месеци!

Денеска заврши 17-та рунда од Првата фудбалска лига на Македонија и сме на чекор од завршување на првиот дел од сезоната. Шкендија славеше кај Академија Пандев со 0:1. Единствениот погодок беше дело на младиот 16-годишен Дашмир Елези во 53-та минута. Интересно е што битолскиот Пелистер стигна до 3-та победа оваа сезона но по скоро три месеци. Тие исто така минимално славеа над Беласица со погодокот на Михаил Талевски во 81-та минута – уште еден млад талент и иднина на македонскиот фудбал со само 16 години. Во останатите дуели, Борец беше…

1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкупи ја бркаат Шкендија – сигурни победи за водечките екипи!

Рундата број петнаесет од Првата македонска фудбалска лига донесе сигурни победи за водечките екипи и најави дека ќе имаме интересна и неизвесна борба за титулата до самиот крај. Вчера, Шкендија со рутински 0:2 славеше кај Борец. Лидерот на табелата преку погодок од пенал на Бесарт Ибраими стигна до водство во 25-та минута. Во вториот дел, исто така ја имаа играта во свои раце, па победата ја осигураа во 83-та минута преку Љупче Дориев. Денеска, Македонија ЃП и Шкупи славеа со по 1:3 на гости кај Беласица односно Пелистер и ги…

1.МФЛ: Во Тетово “пукна“ петарда, Силекс подобар од Вардар

Македонската фудбалска јавност денеска беше сведок на рундата број 14 од првата машка лига. На стадионот во Тетово се слушна “пукање“ на петарда, додека пак во Кратово, Силекс беше минимално подобар од Вардар. Составот на Шкендија го декласираше тимот на Македонија Ѓ.П. со дури 5:0, а веќе на полувреме беше обезбедена победата бидејќи на одмор фудбалeрите заминаа со 3:0 позитива. Стрелци на погодоците беа: Елези во 10′, Дориев во 35′, Ибраими во 39′, Нафиу 88′ и Тотре во 90′ минута. Во Кратово, победата со минимални 1:0 остана кај домаќините Силекс…

На кои средби со Балкански екипи можеме да очекуваме добар фудбал?

Денеска на програмата е полуфинале од квалификацискиот турнир за фудбалска Лига Европа. Имаме неколку интересни и тешки средби на Балканските екипи. Македонија со само еден претставник во оваа фаза, а тоа е Шкендија која за противник ќе го има англиски Тотенхем. Шарлруа го пречекува Партизан, а вториот тим од Србија, Војводина, оди во Белгија односно на дуел со Стандард Лиеж. Словенска Мура ќе биде домаќин на силниот ПСВ Ајндховен. За фановите од Босна и Херцеговина, Зрињски ќе се обиде да обезбеди плеј-оф против АПОЕЛ од Никозија, а за хрватите, Хајдук…

Академија Пандев со нов тренер на мегдан во Тетово

Денеска со почеток во 15:30, се играат останатите четири дуели од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига. Вчера, Македонија ЃП го совлада Вардар со 2:1, а Работнички и Струга ТиЛ со 1:1, ги поделија бодовите. Шкендија после огромниот успех и пласман во следното квалификациско коло од Лига Европа и дуел со Тотенхем, ќе биде домаќин на Академија Пандев, која остана без досегашниот тренер. На чело доаѓа Југослав Тренчовски, од кого се очекува да го разбуди тимот од длабок сон и да го подобри лошиот старт од 4 порази во…

Бесарт Ибраими закажа дуел со Тотенхем

Шкендија на гостински терен беше подобра од тимот на Ботошани со голот на извонредниот Бесарт Ибраими. Македонскиот тим поведе веднаш во 2′ минута со единствениот шут го рамките на голот. Во првото полувреме, натпреварот беше изедначен според креирани шанси и доминација на теренот. Но, во второто полувреме, романскиот тим апсолутно го диктираше темпото. Го имаа поседот, изводоа 6 корнери (Шкендија 0), имаа 8 удари од кои 3 во рамките на голот. Се обидоа да го израмнат резултатот, но Шкендија остана сконцентрирана и се одбрани до самиот крај. Во следното коло,…

Македонските екипи денеска на европски мегдани

Денеска, во второто претквалификациско коло од Лига Европа, три македонски екипи ќе ги одмерат силите за прогрес во трето коло. Во првиот меч, ФК Ренова ќе ја има најтешката задача поради фактот што го пречекува хрватски Хајдук Сплит. Дуелот започнува во 15:30 часот со директен пренос на српскиот канал, Арена Спорт 1. Нешто подоцна, од 17:45 во Романија, домаќин на ФК Шкендија ќе и биде Ботошани. За крај, ФК Силекс во Кратово ќе го угости составот на Дрита, откако испаднаа од првото коло во квалификациите за ЛШ од Карабах. На…