1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкупи ја бркаат Шкендија – сигурни победи за водечките екипи!

Рундата број петнаесет од Првата македонска фудбалска лига донесе сигурни победи за водечките екипи и најави дека ќе имаме интересна и неизвесна борба за титулата до самиот крај. Вчера, Шкендија со рутински 0:2 славеше кај Борец. Лидерот на табелата преку погодок од пенал на Бесарт Ибраими стигна до водство во 25-та минута. Во вториот дел, исто така ја имаа играта во свои раце, па победата ја осигураа во 83-та минута преку Љупче Дориев. Денеска, Македонија ЃП и Шкупи славеа со по 1:3 на гости кај Беласица односно Пелистер и ги…

ФУТСАЛ: Македонскиот шампион Шкупи се пласираше во најдобрите 32 во Европа

Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи, со победата од 3:0 над Блу Меџик од Даблин, се пласираше помеѓу најдобрите 32 тимови во Европа. Футсал Лигата на шампиони на УЕФА е во нокаут фаза, а нашиот тим Шкупи обезбеди место во 1/16 финалето. Ирскиот тим дојде во Македонија и го одигра дуелот во арената „Борис Трајковски“, но дома си заминува без понатамошен прогрес. Резултатот во 7-та минута го отвори Сефери преку пенал. Во вториот дел, Соареш со автогол во 30-та минута му ја олесни работата на Шкупи, за да во последните…

1.МФЛ: Шкупи подобар од Силекс, Беласица се уште ја бара првата победа

Десеттата рунда од Првата македонска фудбалска лига, беше вчера отворена со натпреварот на Шкупи против Силекс во Скопје. Фудбалскиот клуб Шкупи со минимална победа од 1:0 застана на челото на табелата, барем до денеска. Единствениот погодок за трите освоени бодови го постигна Бесар Исени во 53-та минута, па сега Шкупи е со 22 освоени бодови, еден повеќе од Шкендија. Тие својот натпревар го играат на домашен терен против екипата на Работнички. ФК Беласица се уште ја бара својата прва победа, а ова ќе биде десетти пат. Денеска за противник ќе…