ВИДЕО: Народски кажано, му легна! Бомба на Урош Рачиќ во дресот на Валенсија!

Младиот српски фудбалер, Урош Рачиќ, постигна феноменален погодок во дресот на Валенсија, на денешното гостување кај Атлетико Мадрид. Рачиќ со овој погодок го отвори натпреварот, и само ги разлути моменталните лидери на табелата во шпанската Ла Лига, бидејќи тимот на „Чоло“ Симеоне славеше со 3:1. Урош Рачиќ е дете на ОФК Београд, но своето „лансирање“ во Европа го стори кога настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18.

Реномираниот “Handball-Planet”: Злато за Норвешка, Данците без медал – на кое место е Македонија?

Традиционално за секое големо натпреварување, реномираниот Handball-Planet ја објави својата прогноза за Светското Првенство во ракомет оваа година. Според нив, најголем фаворит за златната медала е селекцијата на Норвешка, која во замисленото финале би била подобра од Хрватска. Во борба за бронзената медала, Шпанија би била поуспешна од Данска, а за Франција и Словенија нема место во Топ 5 ракометни држави во светот. Според порталот, Македонија ќе обезбеди втора фаза со што ќе биде и нивниот максимум за 21-ва позиција на турнирот. Норвешка Хрватска Шпанија Данска Египет Франција Словенија Германија…

ВИДЕО: Катастрофална грешка, нов кикс на Барселона

Барселона не успеа да стигне до победа во Ла Лига ниту во четвртиот натпревар по ред, откако денеска на гостувањето кај Алавес одигра 1:1. По одличната игра против Јувентус во Торино, голем број од навивачите на каталонскиот гигант се понадеваа дека таквиот стил ќе продолжи и во лигашките натпревари па ќе започнат со победи, но тоа не се случи. Катастрофалната грешка на Пике и Нето ја отежна работата на гостите по примениот погодок во 31-та минута од страна на Риоха. Тимот на Роналд Куман беше доминантен, имаше 25 шутеви од…

Фантастичен погодок на Серхио Араухо (ВИДЕО)

Серхио Араухо со прецизен и силен удар постигна преубав погодок за Лас Палмас, на дешениот дуел со Алмерија во Втората шпанска лига. Аргентинецот по одлична акција во 3 потези, постигна одличен погодок откако на најдобар можен начин ја зафати топката при волеј удар. За него, тоа беше и втор гол на натпреварот кој Лас Палмас го доби со 2:0.

ЛУДИЛО: Ракометен натпревар со заштитни маски, играл и македонец

Натпреварот од шпанската ракометна лига АСОБАЛ, на Адемар Леон и Синфин, не понудил некои спектакуларни потези и врвен ракомет, но ќе биде запаметен по нешто друго. Имено, вчерашната средба беше прва од таков тип. Сите играчи носеле заштитни маски, некои правилно но некои и не. Организацијата била според силни протоколи за безбедност на здравјето од моменталната ситуација со вирусот корона, па сите играчи и судии морале да носат заштитна маска на лицето за време на целиот меч. Адемар Леон го добил натпреварот со 31:23, а за гостинскиот тим на Синфин…

Трета по ред: Реал Мадрид го освои Супер Купот

Реал Мадрид го освои шпанскиот Супер Куп на АЦБ, откако во финалето го победи својот најголем ривал – Барселона. Натпреварот заврши со 72:67, па тимот од Марид во своите витрини го додаде третиот по ред пехар во оваа натпреварување. Составот на Пабло Ласо, натпреварот го отвори со 18:14 во првата четвртина, но на полувреме замина со 1 поен негатива. Во вториот дел, Реал Мадрид изгледаше малку посигурно па со 19:17 ја доби третата четвртина. На почетокот на последниот период, Барселона го презеде водството и имаше највисоки 6 поени разлика. Сепак,…