Агенцијата за млади и спорт одлучи – кои се најдобрите спортисти за 2020 година?

На овогодинешната свечена церемонија, Агенцијата за млади и спорт им ги додели наградите на најдобрите спортисти во Македонија за 2020 година. Каратето преовладуваше оваа година, откако за најдобра спортистка е прогласена Вероника Костовска. Ова го надополнија и младите категории, каде за најдобар спортист е прогласен Роберто Ацкоски, а во женска конкуренција тоа беше Магдалена Божиновска. Најуспешен спортист за лица со инвалидитет  беше прогласен Владимир Тркаљанов, кој професионално игра шах. Наградите во врска со најуспешна федерација, национален тим и селектор им припадна на македонските фудбалери, односно Игор Ангеловски. За најдобар спортист…

(ВИДЕО) Топ 100 спортски смешни моменти во 2020!

Последен ден од оваа неочекувано лоша и пред се тешка година за сите спортисти, но мораше да се работи. Спортистите беа посилни од невидливиот непријател и продолжија со тоа што најдобро го знаат – им овозможија на нивните фанови но и на сите љубители да го поминуваат слободно време пред ТВ екраните. Сепак, тука се и смешните случки и промашувањата кои се дел од играта. Ви ги претставуваме Топ 100 спортски смешни случки за 2020 година според организацијата „Sports Complex“, која ги опфати скоро сите спортови: Американски фудбал, Тенис, Бејзбол,…

(ГАЛЕРИЈА) Скопски Маратон број 16 низ призмата на Роберт Атанасовски

Денеска под мотото „Трчањето ќе ве промени“, се одржа 16-то издание од најголемиот спортски настан во главниот град, Виз Ер Скопски Маратон 2020. Во машка конкуренција победи украинецот Серхиј Шевченко, а во женска конкуренција најдобра беше Луиза Гега од соседна Албанија. Во рамките на нашата држава, победија Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова. Учество зедоа околу 1.500 натпреварувачи, каде имаше и полумаратонци и рекреативци. Во продолжение можете да погледнете како се одвиваше самиот крај на денешната манифестација: (ФОТО: Роберт Атанасовски)