Ева Петровска со државен рекорд на 400 метри слободно, државата се уште е рамнодушна за помош

Младата Ева Петровска, од пливачкиот клуб „Аква Про Академија“, постави нов државен рекорд на 400 метри краул (слободен стил) на меѓународниот натпревар „13 ноември“, кој се одржа викендов. Шеснаесетгодишната пливачка оствари време од 4 минути, 15 секунди и 84 стотинки на 400 метри слободно, па го презеде претходниот рекорд на поранешната олимпијка, Симона Маринова. Со овој резултат, Ева Петровска стана најголемиот кандидат меѓу македонските пливач(к)и за настап на Олимписките игри во Токио, кои беа одложени и се планирани да се одржат следната година. Таа има 764 бодови според ФИНА. На…