Пандев во друштво на Перуци, Барези, Костакурта…

Горан Пандев влезе во друштвото на најдобрите откако на мечот против Торино го забележа својот 450-ти настап во италијанското првенство, Серија А. Капитенот на македонската репрезентација е на 34-то место на вечната листа на фудбалери со најголем број на настапи во „калчото“. Пандев е во широко друштво на легендарните Андреа Пирло (495), Анџело Перуци (479), Франко Барези (471), Алесандро Костакурта (458) и Роберто Баџо, кој има само 6 настапи повеќе. Горан Пандев до ваков рекорд стигна играјќи за Анконитана, Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а досега има одиграно 26.378 минути.…