Јунајтед со лош старт, Арсенал на два од два

Манчестер Јунајтед разочарувачки загуби со 1:3 на „Олд Трафорд“ од тимот на Кристал Палас, а Арсенал со пресврт дојде до големи 3 бода и победа против Вест Хем. Составот на Оле Гунар Солскјер дојде до негатива уште на почетокот од натпреварот со гол на Андрос Таусенд. Во вториот дел, откако со рака играше најслабиот поединец на мечот, Виктор Линделеф, судијата Мартин Еткинсон досуди на белата точка за гостите. Пеналот на Џордан Ају го одбрани Де Хеа, но беше поништен поради прераното излегување од линијата на голот на шпанецот. Вториот обид…

Емилијано Мартинез нов голман на Астон Вила

Емилијано Мартинез е нов голман на Астон Вила, откако денеска беше и официјално презентиран. Тој доаѓа од екипата на Арсенал, откако во последните два настапи освои две титули со тимот, ФА Куп и Комјунити Шилд. Тренерот на Астон Вила, Дин Смит, имаше само пофални зборови за 28-годишниот аргентински репрезентативец. Навистина сме задоволни што го доведовме во нашиот тим. Знаеме колку високо беше ценет во Арсенал и ги гледавме неговите фантастични настапи претходната сезона кога освои два трофеја. Многу е ретко да се најде голман со високи квалитети а кој се…

П.Е. Обамејанг: Сакам да станам легенда на Арсенал

Искусниот напаѓач на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг потпиша нов тригодишен договор и стави крај на сите шпекулации кои се пишувaа за него. Габонецот би требало да заработува околу 270.000 евра неделно и ќе остане во тимот до 2023 година. Прекрасен ден, се чувстувам одлично. Го потпишав договорот затоа што навистина сакам да останам овде. Ова е мојот дом, тука припаѓам… сакам да станам легенда на Арсенал! Навистина сум среќен, луѓе! Сакав ова да го споделам лично со вас, во видео обраќање од Емиратите се изјасни напаѓачот. Артета на официјалната веб…

Денеска се игра втората рунда од англискиот Лига Куп

Денеска се играат натпреварите од второто коло во англискиот Лига Куп, кој е воедно и втор официјален Куп во Англија. За многумина ова е непотребно натпреваруње поради фактот што успехот не носи место во европските натпреварувања. Но, за англиските фанови, настап на нивниот омилен клуб во било кое време и место значи тотално уживање. Ќе се одиграат вкупно 25 натпревари во оваа коло, а од директно пласираните екипи во 1/16, ждребот веќе одреди една двојка односно мечот помеѓу Лестер-Арсенал. Останатите кои го чекаат својот противник се Тотенхем (Лејтон Ориент или…

Арсенал со сигурна и убедлива игра на стартот

Арсенал лесно и со доминантен став ја доби екипата на Фулам. Иако добиениот состав не е големо мерило, Микел Артета со 0:3 даде до знаење дека оваа сезона сака да биде озбилен конкурент во Премиер Лигата. Тимот на Арсенал уште на почеток покажа дека сака лесни 3 бода од гостувањето кај Фулам, па во 8-та минута со голот на Лаказет го отворија резултатот. Во второто полувреме пак, за 8 минути постигнаа два гола со две асистенции на новото засилување, Вилијан. Стрелец на вториот гол беше исто така уште едно ново…

Денеска стартува Чемпионшипот, утре Премиер Лигата

Вечерва со почеток од 20:45, Вотфорд на домашен терен го пречекува Мидлзбро со што ќе ја отвори новата сезона во добропознатиот „Чемпионшип“, односно втората по квалитет англиска фудбалска лига. Додека пак утре, со почеток од 13:30, „новајлијата“ Фулам ќе го угости тимот на Микел Артета, Арсенал, за старт на најелитното натпреварување. Тимот на Вотфорд има нов стратег на клупата, србинот Владимир Ивиќ кој доаѓа од израелскиот Макаби Тел Авив. Но, со неколку важни изостаноци, ова можеби ќе биде тешко деби за познатиот тренер. Екипата на Мидлзбро минатата сезона избори опстанок…