Бостон се враќа во игра, прва победа над Мајами

Бостон Селтикс намали на 2:1 во синоќешниот дуел против Мајами Хит. Натпреварот заврши 106:117, а двајца играчи остварија „дабл-дабл“ учинок. Бостон во првото полувреме создаде висока предност и замина на одмор со +13 поени. Во вториот дел ја одржаа позитивата и се вратија во игра во финалето од источната конференција. Најефикасен на мечот беше Бем Адебајо со 27 поени, и со 16 скокови е еден од двајцата кои имаа „дабл-дабл“.Во Бостон, Џејлен Браун постигна 26 кошеви, а Џејсон Тејтум беше вториот играч со двоен двоцифрен учинок, 25 поени и 14…

Мајами ита кон “големото финале“

Мајами вечерва ја забележа и втората победа во втората средба со Бостон. Со конечни 101:106, Хит е на половина пат до големото финале во НБА лигата. Првото полувреме заврши со +13 за Селтикси, а имаа и највисоки +17 пред крајот на периодот. Тие го одржуваа водството и до средината на 3/4, но, пред почетокот на последната четвртина, „жешките“ на кратка пауза заминаа со високи +7 поени разлика. Најголем временски дел останаа во водство, иако Бостон еднаш имаше +5, но предноста кратко траеше за конечните 106:101 за тимот на Сполстра. Горан…

Адебајо одлучи Мајами да не потклекне

Центарот на Мајами Хит, Бем Адебајо, со одлична блокада врз Џејсон Тејтум, ја обезбеди првата победа на неговиот тим во финалето од источната конференција. На полувреме беше нерешено, но имавме и таков крај. Натпреварот заврши со 106:106 и отиде во продолжение, па по 5 одиграни минути, Мајами славеше со конечни 117:114. Најефикасен во тимот на Сполстра беше словенецот Горан Драгиќ со 29 поени. Одлична партија имаше и младиот Тајлер Хиро, кој овој плеј-оф го игра извонредно, но за влакно не оствари трипл-дабл. Тој постигна 12 поени, имаше 11 скокови и…

Бостон оди понатаму, Денвер се уште во игра

Бостон со 92:87 ја доби “мајсторката“ со Торонто, па оди на мегдан против Мајами. Највеќе поени за Селтикси постигна Тејтум 29, додека пак за Репторси најефикасен беше ВанВлит со 20. Во вториот натпревар сношти, Денвер со 111:105 ја совлада фаворизираната екипа на Клиперс, а најкорисни беа Ленард со 36, односно Мареј со 26. Лос Анџелес Клиперс ќе ја имаат втората меч-топка, а Лос Анџелес Лејкерс првата за да го закажат и второто полуфинале во НБА оваа сезона. Бостон и Мајами првиот дуел го играат за 4 дена.