Бранислав Ивановиќ потпиша за ВБА

Новиот премиерлигаш, Вест Бромвич Албион, во своите редови го доведе 36-годишниот дефанзивец, Бранислав Ивановиќ. Ветеранот ќе биде дел од тимот на Славен Билиќ една година, а дојде како слободен играч откако му истече договорот со руски Зенит. Премиер лигата е најдоброто натпреварување во светот. Тука сум пак по скоро 3 години и сум навистина среќен што ќе бидам дел од ВБА, новиот член на ПЛ за оваа сезона, објасни Ивановиќ. Хрватскиот стратег додаде дека ова е одлично засилување за неговиот тим, ќе донесе искуство и стабилност помеѓу играчите. Бранислав Ивановиќ…