(ВИДЕО) Александер Бублик со несекојдневен сервис го надитри противникот

23-годишниот казахстански тенисер, Александер Бублик, имаше успешен обид каде со сервис “под рака“ го надитри својот противник, Феликс Оже-Алијасим. За овој начин на сервирање, мислењата се поделени. Некои велат дека е сосема легитимно и на овој начин може да се види дали играчот спроти вас е секогаш целосно сконцентриран. Другите пак, велат дека ова не е спортски потег и треба да се казнува. Овој удар при сервирање е дозволен во тенисот, но не е секојдневна глетка. За Бублик, не е ни прв пат. Бублик го совлада Оже-Алијасим со 6:4,6:2 па…