Баварците го посрамотија Шалке

Баерн Минхен го победи Шалке со неверојатни 8:0 на отворањето на германската Бундес Лига, а Серж Гнабри постигна хет-трик. Силата почнаа да ја демонстрираат уште во 4-та минута, токму со првиот погодок на Гнабри, кој игра фантастичен фудбал од крајот на минатата сезона. Тој во листата на стрелците се запиша уште два пати, на почетокот на второто полувреме во 47-та минута и нешто подоцна во 59-та минута, а два пати на асистенција на новиот играч, Лирој Сане кој вооедно беше и стрелец на седмиот гол за Баерн. Во листата се…