Карабао Куп: Њукасл 7, Челси 6, Арсенал подобар во дербито со Лестер

Во рамките на англискиот Лига Куп, односно според спонзорот, Карабао, денеска се одиграа 8 натпревари. Вчера на програмата беа 4, утре уште 3, а дополнително треба да се одреди датум за Лејтон Ориент – Тотенхем, дуел кој беше одложен поради недостиг на фудбалери во домашниот тим. Иако на гости и против тим кој се натпреваува во 4-та англиска лига, Њукасл оствари феноменална победа од 0:7 против Моркамб. Стрелци на головите беа: Жоелинтон на два пати, Ласел, Марфи, Хејден по еднаш и на самиот крај со автогол стрелец беше Лавел. Челси…