Балканското “буцкасто“ момче го исфрли Клиперс за финале на западот

Фантастичниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е вистински кошаркарски талент. Србинот и екипата на Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Клиперс со 4:3 и заминаа во финале на западната конференција, каде ги очекува уште еден Лос Анџелес, но овој пат Лејкерс. Денвер заостануваше 3:1 и сите очекуваа овој дуел да биде решен од страна на Док Риверс, ако не во првата меч-топка тогаш сигурно во вториот обид. Но, тука се прашуваше Никола Јокиќ, одличниот Џамал Мареј и целата екипа на Нагетси кои не се откажаа до самиот крај. Со…

Нова “мајсторка“ во НБА, најзаслужен беше Јокиќ

Со 34 поени, 14 скокови и 7 асистенции, Никола Јокиќ заедно со својата екипа обезбеди 7-ми натпревар за влез во “малото“ финале на западната конференција. За него, Мајкл Портер Јр. изјави дека оваа вечер тој бил најдобриот играч во светот. Тимот на Денвер ги совлада Клиперс со 111:98. Екипата на Док Риверс имаше неверојатни 19 поени разлика на почетокот на 3/4, но потоа се случи огромен пресврт, па до крајот темпото беше диктирано од страна на играчи на Денвер. Џамал Мареј и Никола Јокиќ “танцуваа“ по теренот. За скоро 40…

Бостон оди понатаму, Денвер се уште во игра

Бостон со 92:87 ја доби “мајсторката“ со Торонто, па оди на мегдан против Мајами. Највеќе поени за Селтикси постигна Тејтум 29, додека пак за Репторси најефикасен беше ВанВлит со 20. Во вториот натпревар сношти, Денвер со 111:105 ја совлада фаворизираната екипа на Клиперс, а најкорисни беа Ленард со 36, односно Мареј со 26. Лос Анџелес Клиперс ќе ја имаат втората меч-топка, а Лос Анџелес Лејкерс првата за да го закажат и второто полуфинале во НБА оваа сезона. Бостон и Мајами првиот дуел го играат за 4 дена.