Приказната на Денвер заврши, прво НБА финале за Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во НБА финалето, а Џејмс оствари 27-ми „трипл-дабл“ во плејоф натпреварите. Тој го заврши мечот со 38 поени, направи 16 скокови и додаде 10 асистенции. Постана четврти играч кој ќе стигнал до 10 НБА финалиња. На Џејмс му беа потребни само 2 сезони со Лејкерс да стигне до големото финале, откако претходната сезона на „езерџиите“ беше исполнета со огромен број на повредени играчи. Пред тоа, тој играше 8 пати по ред со Мајами и Кливленд. Лејкерси ќе играат против Мајами или Бостон во 32-то финале,…

Балканското “буцкасто“ момче го исфрли Клиперс за финале на западот

Фантастичниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е вистински кошаркарски талент. Србинот и екипата на Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Клиперс со 4:3 и заминаа во финале на западната конференција, каде ги очекува уште еден Лос Анџелес, но овој пат Лејкерс. Денвер заостануваше 3:1 и сите очекуваа овој дуел да биде решен од страна на Док Риверс, ако не во првата меч-топка тогаш сигурно во вториот обид. Но, тука се прашуваше Никола Јокиќ, одличниот Џамал Мареј и целата екипа на Нагетси кои не се откажаа до самиот крај. Со…

Нова “мајсторка“ во НБА, најзаслужен беше Јокиќ

Со 34 поени, 14 скокови и 7 асистенции, Никола Јокиќ заедно со својата екипа обезбеди 7-ми натпревар за влез во “малото“ финале на западната конференција. За него, Мајкл Портер Јр. изјави дека оваа вечер тој бил најдобриот играч во светот. Тимот на Денвер ги совлада Клиперс со 111:98. Екипата на Док Риверс имаше неверојатни 19 поени разлика на почетокот на 3/4, но потоа се случи огромен пресврт, па до крајот темпото беше диктирано од страна на играчи на Денвер. Џамал Мареј и Никола Јокиќ “танцуваа“ по теренот. За скоро 40…