ТРЕТ ДЕН РГ: Циципас и Рубљов со пресврти, Џонсон освои само два гема

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов, до своите победи во првата рунда од Ролан Гарос, стигнаа така што го свртеа резултатот во нивна полза кога беа во негатива од 2:0 во сетови. Искусниот Стив Џонсон пак, освои само неверојатни 2 гема против Карбаљес Баена. Денот започна со сигурни победи на Матео Беретини врз Васек Поспишил и Џорџ Харис против Алексеј Попјурин. Во исто време, победа од 3:1 оствари Кристијан Гарин, но и Марк Полманс, кој како аутсајдер во овој меч го победи Уго Имбер. Нешто подоцна, можеби не треба да се…

Новак Ѓоковиќ го освои мастерсот во Рим

Србинот Новак Ѓоковиќ го освои АТП Мастерс турнирот во Рим со 2:0 против Диего Шварцман. Аргентинецот пружи одлична борба во првиот сет каде имаше и два брејка предност, но ја испушти позитивата со слабиот сервис, па првиот сет го изгуби дури и со брејк, 7:5. На почетокот на вториот сет, Шварцман пак доби шанса за поправен испит откако Ѓоковиќ го изгуби својот сервис. Но, српскиот тенисер беше поодлучен и посконцентриран, па ја стопи негативата и освои уште 2 брејка до крајот, за 6:3 и голема титула на турнирот во Италија.…

Ѓоковиќ на искуство, Руд до историски резултат

Горната половина од ждребот во Рим, го одреди полуфиналниот дуел. За меч во големото финале ќе вкрстат првиот носител, Новак Ѓоковиќ и младиот 34. играч во светот, Каспер Руд. Ѓоковиќ со мали компликации во вториот сет, но на “мускули“ и големо искуство не дозволи изненадување од германецот Кепфер, па со конечни 6:3, 4:6 и 6:3 се пласираше во финалето. Србинот изгледаше нервозно на средината од вториот сет, откако не успеа да го задржи брејкот од самиот старт при 2:1 во неговата корист. Германецот се врати, поведе со 3:4 во моменти…

Надал и Ѓоковиќ се загреваат за финале во Рим

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, првиот и вториот носител на АТП Мастерс турнирот во Рим, и во вториот нивен настап лесно се справија со противниците. Надал во 1/8 финалето беше убедливо подобар од србинот Душан Лајовиќ, дозволувајќи му само 4 освоени гема. Ѓоковиќ пак наиде на мал отпор од страна на својот сонародник, Филип Крајиновиќ, па во првиот сет одигра тај-брејк а во вториот со два брејка и 6:3 се пласираше во 1/4 финалето. Утре на програмата се натпреварите од четвртото коло:Ѓоковиќ – КепферБеретини – Руд Шаповалов – ДимитровШварцман –…

Медведев без изгубен сет до 1/2 на УС Опен

Последниот Грен Слем во сезоната, а оваа година само втор во годината, стигна до завршната фаза и во двете конкуренции. Даниел Медведев бележи одличен настап на овогодинешниот УС Опен, кој поради пандемијата со Коронавирус се игра во специфични услови, и без изгубен сет стигна до полуфиналниот дуел против Доминик Тим. Тој пак, на патот до овој дуел изгуби само еден единствен сет во петте дуели од хрватот Марин Чилиќ. Вториот пар го сочинуваат Александар Зверев и Пабло Карењо Буста. Седмиот носител на турнирот се очекува да да има тежок меч…