Силекс ги разочара кратовци, загуби од косовска Дрита

ФК Силекс на домашен терен загуби од косовската ФК Дрита со 0:2. Гостите беа поконкретни и ги искористија своите шанси. Силекс влезе нервозно во натпреварот, што на крајот се и покажа со 4 жолти картони, плус 2 на Христијан Грозданоски кој беше исклучен во 78-та минута. По испаѓањето од квалификациите за ЛШ, Силекс не ја искористи дадената шанса да замине во Полска на натпревар со Легиа од Варшава.