ЛИГА ЕВРОПА: ЕХФ ги објави шеширите на Металург и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги објави шеширите од групната фаза во Лига Европа за сезона 2020/21. Тимот на Еурофарм Пелистер се наоѓа во 3-от, додека пак, Металург Скопје е во последниот, односно 6-от шешир. Ждребот е закажан за утре во 11:00 часот, во Виена, а нашите претставници нема да можат да се најдат во иста група. Секоја од екипите ќе одигра вкупно 10 средби, 5 дома и 5 на гости. Од вкупниот број на екипи, првите 4 најдобро пласирани ќе го продолжат натпреварувањето во 1/8 финале. Во продолжение, можете да ги…

ЕХФ го одложи дуелот на Пик Сегед и ПСЖ

ЕХФ објави дека натпреварот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ е одложен. Додека сите други мечеви се на програмата, Европската ракометна федерација го одложи денешниот дуел на Пик Сегед и ПСЖ, откако еден играч на унгарскиот тим бил позитивен на Ковид-19. Клубот ја известил федерацијата дека тимот мора да оди во карантин поради протоколите од националната здравствена организација во Унгарија. Условите не дозволуваат мечот да се одигра денеска со почеток во 18:45 часот, па ЕХФ во наредните денови ќе одреди нов термин за одржување, во договор со двата тима.

РК Вардар 1961 утре го започнува “Тешкото“

Ракометниот клуб Вардар 1961, утре го игра својот прв натпревар од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони. Новиот проект на чело со Стевче Алушовски како главен тренер, ќе има тешка задача првин на оваа гостување, а подоцна и на останатите натпревари бидејќи е дел од пеколна група со вкупно 8 екипи. Во новиот формат на ЕХФ, натпреварувањето е одредено со Група А и Група Б, а со вкупно 16 екипи. Првите 2 од групите одат во четвртфинале, од 3 до 6 место одат во плеј-оф (за да се формираат…