Одложен е натпреварот на Вардар со Елверум

Натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампиони, помеѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24. септември 2020 година во Скопје, е одложен. Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот, стои во соопштението на РК Вардар 1961. Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во…