Карабао Куп: Њукасл 7, Челси 6, Арсенал подобар во дербито со Лестер

Во рамките на англискиот Лига Куп, односно според спонзорот, Карабао, денеска се одиграа 8 натпревари. Вчера на програмата беа 4, утре уште 3, а дополнително треба да се одреди датум за Лејтон Ориент – Тотенхем, дуел кој беше одложен поради недостиг на фудбалери во домашниот тим. Иако на гости и против тим кој се натпреваува во 4-та англиска лига, Њукасл оствари феноменална победа од 0:7 против Моркамб. Стрелци на головите беа: Жоелинтон на два пати, Ласел, Марфи, Хејден по еднаш и на самиот крај со автогол стрелец беше Лавел. Челси…

ПРЕМИЕР ЛИГА: Нов натпревар од 7 голови, Сон со 4

Откако вчера Евертон ја победи екипата на ВБА со 5:2, Лидс беше подобар од Фулам со 4:3, денеска во првиот меч Тотенхем на гости со 2:5 славеше против Саутемптон. Ова е трет натпревар во оваа коло со 7 постигнати погодоци. Неверојатно е што за четирите голови на Сон Хјон-Мин асистент беше Хари Кејн. Англискиот напаѓач се награди и со гол, откако на одбиена топка по шут на Ерик Ламела, беше на вистинското место во петерецот. За Саутемптон, Дени Ингс беше стрелец на двата голови, првин при 0:1 негатива изедначи на…

Герет Бејл пристигна во Лондон кај Мурињо

Герет Бејл пристигна во Лондон за потпис со Тотенхем. Велшкиот репрезентативец ќе заигра клупски фудбал откако минатата сезона во Реал Мадрид имаше само 16 настапи, со многу мала минутажа. Бејл ќе биде на позајмица во Тотенхем со право на откуп наредната сезона. Нов играч за Мурињо ќе биде и Серхио Регилон, кој заедно во приватен авион долета со Бејл и газдата на Тотенхем, Даниел Леви. Ова ќе бидат две големи засилувања за лондонскиот тим, кој се обидува да дојде до групната фаза од Лига Европа, но и со сигурност ќе…

Хаверц: Уште како дете сонував да играм во Челси

Новото засилување на Френк Лампард, младиот и талентиран германец Каи Хаверц, во своето интервју за клубот изјави дека уште како дете сонувал да игра во клуб каков што е Челси. Уште како дете заедно со мојот брат ја гледавме Премиер Лигата и јас се надевав дека некогаш ќе заиграм за овој клуб. Мојата желба се исполни навистина многу рано, јас сум презадоволен. Челси е најдобриот клуб во Англија, во светот, рече Хаверц. Германецот исто така призна дека Лампард го гледал како свој идол. Неговите беспрекорни игри на средината од теренот…

Челси со уште едно засилување?

Според моментално најдобрите спортски новинари во светот, Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, Едуард Менди наскоро ќе биде нов голман на ФК Челси. Станува због за 28 годишен голман роден во Франција, но со потекло од Сенегал, каде има 7 репрезентативни настапи. Тој моментално настапува за францускиот Рен, а има играно и во Реимс и вториот тим на Марсеј. Се предвидува дека трансферот е веќе 80% завршен, откако личните услови Менди со Челси ги договорил уште пред неколку денови. Во Челси би бил бек-ап опција за Кепа, со сигурни настапи…