Седумка на Гудисон, Калверт-Луин со хет-трик

На денешниот прв натпревар од 2. коло во Премиер Лигата, Евертон на својот „Гудисон Парк“ ја наполни мрежата на ВБА со 5 гола, гостите постигнаа 2. Составот на Славен Билиќ во 10-та минута го отвори натпреварот со погодокот на новото засилување Грејди Диангана, кој минатата сезона ја помина на позајмица од тимот на Вест Хем. Подоцна, Калверт-Луин со својот прв гол донесе изедначување на резултатот, за да пред крај на првото полувреме, Хамес Родригез почна да ги исплаќа дадените пари, со прекрасен шут од 16 метри. Веднаш по голот, Киран…