Немаше кој да застане на патот на Ентони Дејвис, Лејкерс на 2:0

Лос Анџелес Лејкерс беше поуспешна екипа и во вториот натпревар од големото НБА финале против ослабениот Мајами. Од самиот почеток без Горан Драгиќ и Бем Адебајо, но со подобар резултат од првиот дуел: 114:124. Под обрачите доминираше Ентони Дејвис со 32 поени и 14 скокови. ЛеБрон Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, 9 скокови и 9 асистенции па не успеа да оствари ниту „дабл-дабл“ учинок. На другата страна пак, тоа го стори Џими Батлер со 25 поени и 13 скокови. Од голема помош му беше Кели Олиник со 24…

Лејкерси со лесна победа во првиот натпревар (HIGHLIGHTS)

Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа екипата на Мајами Хит во првиот натпревар од големото финале со 116:98, па водат со 1:0 во серијата. Ентони Дејвис постигна 34 поени, а на ЛеБрон Џејмс му недостасуваше една асистенција повеќе за „трипл-дабл“ учинок бидејќи имаше 25 поени, 13 скокови и 9 додавања. Лејкерси доминираа на теренот против Мајами. Горан Драгиќ мораше да го напушти натпреварот поради повреда во втората четвртина, додека пак Бем Адебајо од иста причина но во третиот дел. Џими Батлер остана сам и до крајот постигна 23 поени за Мајами.…

Балканското “буцкасто“ момче го исфрли Клиперс за финале на западот

Фантастичниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека е вистински кошаркарски талент. Србинот и екипата на Денвер Нагетс го победија Лос Анџелес Клиперс со 4:3 и заминаа во финале на западната конференција, каде ги очекува уште еден Лос Анџелес, но овој пат Лејкерс. Денвер заостануваше 3:1 и сите очекуваа овој дуел да биде решен од страна на Док Риверс, ако не во првата меч-топка тогаш сигурно во вториот обид. Но, тука се прашуваше Никола Јокиќ, одличниот Џамал Мареј и целата екипа на Нагетси кои не се откажаа до самиот крај. Со…