Втор ден квалификации од Лига на шампиони

Втор дел од последната рунда на квалификации во Лига на шампиони или попозната како плеј-оф. Во Молде, со истоимениот тим, Ференцварош одигра навистина возбудлив натпревар. Унгарците ќе се вратат дома со 3 постигнати голови во гости, но сепак без предност. Тие имаа предност од 0:2, па по 30 минути игра и губеа со 3:2, а да пред самиот крај во 87 минута од пенал го изедначат резултатот и останат во подобра ситуација пред реванш дуелот. Во Пиреј, Олимпијакос беше домаќин на соседната Омонија на Кипар. Грчкиот состав беше видливо подобар,…

Карабао Куп: Њукасл 7, Челси 6, Арсенал подобар во дербито со Лестер

Во рамките на англискиот Лига Куп, односно според спонзорот, Карабао, денеска се одиграа 8 натпревари. Вчера на програмата беа 4, утре уште 3, а дополнително треба да се одреди датум за Лејтон Ориент – Тотенхем, дуел кој беше одложен поради недостиг на фудбалери во домашниот тим. Иако на гости и против тим кој се натпреваува во 4-та англиска лига, Њукасл оствари феноменална победа од 0:7 против Моркамб. Стрелци на головите беа: Жоелинтон на два пати, Ласел, Марфи, Хејден по еднаш и на самиот крај со автогол стрелец беше Лавел. Челси…

Многу сериозно ќе настапиме против Шкендија, рече Мурињо

Големиот и скап Тотенхем, заедно со неповторливиот Жозе Мурињо, утре гостува во Скопје против тетовскиот фудбалски клуб Шкендија. Утре со почеток од 20:00 часот, не’ очекува дуел од 3-та квалификациска рунда на Лига Европа, која води во плеј-оф средбите за пласман во главниот ждреб. На националната арена „Тодор Проески“, Шкендија ќе го пречека Тотенхем. На последната прес конференција, португалецот изјави дека максимално ќе se ангажира за оваа средба, бидејќи знае колку се тешки натпреварите со балканските екипи. За пример го наведе последниот дуел со бугарскиот тим Локомотив Пловдив, каде англичаните…

Естонски фудбалски клуб направи измена по 13 секунди игра (ВИДЕО)

Фудбалски клуб од Естонија, Номе Каљу, на мечот против Левадија Талин, изврши измена веднаш откако започна натпреварот, односно по само 13 секунди игра. Играчот не беше повреден, туку го напушти теренот откако неговиот тренер го посрами. Во ова национално првенство, тимот мора да го започне натпреварот со барем 2 домашни фудбалери. Тренерот го искористи ова правило во своја полза, па го извади 16-годишниот Лаури Суп, за да влезе украинецот Владислав Комутов (22). Во фудбалскиот свет, ваквиот подвиг наиде на огромни негативни реакции. Луѓето посочуваат дека младиот играч можел да одигра…

Осогово постои и во Англија, клубот бил инспириран од нашиот второлигаш

Македонскиот ГФК „Осогово“, кој се натпреварува во источна дивизија од втората фудбалска лига, со својата појава и функционирање бил инспирација за група на луѓе од Англија.  Станува збор за фудбалска екипа, големи ентузијасти од градот Портсмут кој е место со огромна фудбалска традиција поради ФК „Портсмут“ (формиран уште во далечната 1898 година). Групата дошла на идеја да создаде клуб под името ГР (Грасрутс) „Осогово“ што на англиски означува група на луѓе од најосновно ниво а кои функционираат во локална средина. За македонскиот состав слушнале преку социјалните мрежи, па без размислување…

Суарез во Атлетико, Мората во Јувентус?

Како што објави светски познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Јувентус е во разговори со Атлетико за Алваро Мората а во Мадрид би требало да отиде Луис Суарез. Шпанецот би требало да биде нов позајмен играч во „старата дама“ за 10 милиони со право на откуп за 45 милиони наредната сезона. Доколку ова се овистини, во наредните 2 дена во план е и трансфер на Луис Суарез од Барселона во Јувентус како бесплатен играч. Уругвајскиот напаѓач за 6 години во Барселона освои 13 титули, во 2016 со 40 голови ја освои…

Пандев со „паненка“ во победата на Џенова

Горан Пандев и на 37 години знае како да изведе „паненка“ во контра напад со директен дуел со голманот на новајлијата Кротоне. Македонскиот ветеран и се уште активен репрезентативец на македонската селекција, постигна преубав погодок кога го зголеми водството на 2:0 за Џенова. Пандев излезе како најбрз и најснаодлив на една топка уфрлена во простор, каде испадна одбраната на Кротоне. Неговиот тим оствари убедлива победа во отворањето на сезоната со 4:1.

ПСЖ врза две победи по катастрофалниот старт

Пари Сен Жермен ја запиша и втората лигашка победа по катастрофалниот старт во првите две кола, пораз од Ленс и од Марсеј. ПСЖ на гостински терен со 0:3 ја “преслуша“ Ница, па по победата над Мец, сега со 6 освоени бодови се вратија на средината од табелата. Килијан Мбапе во својот прв настап оваа сезона постигна гол од пенал во 38-та минута. Анхел Ди Марија во продолжението од првото полувреме зголеми на 0:2, а новиот капитен Маркињос постигна гол во 66-та минута за конечни 0:3. Во следното коло, ПСЖ оди…

Баварците го посрамотија Шалке

Баерн Минхен го победи Шалке со неверојатни 8:0 на отворањето на германската Бундес Лига, а Серж Гнабри постигна хет-трик. Силата почнаа да ја демонстрираат уште во 4-та минута, токму со првиот погодок на Гнабри, кој игра фантастичен фудбал од крајот на минатата сезона. Тој во листата на стрелците се запиша уште два пати, на почетокот на второто полувреме во 47-та минута и нешто подоцна во 59-та минута, а два пати на асистенција на новиот играч, Лирој Сане кој вооедно беше и стрелец на седмиот гол за Баерн. Во листата се…

Алкантара: Тука израснав и станав вистински професионалец

Тијаго Алкантара се раздели од Бајерн Минхен по 7 успешни сезони. Тој со клубот освои неверојатни 17 титули и прерасна во вистински играч, откако во 2013 дојде од Барселона како талент кој ветува. Прекрасно живеевме со моето семејство и навистина сум му благодарен на овој неверојатен клуб. Тука израснав и се формирав како професионалец. Се стекнав со големо искуство, времето го поминав во радости со големите успеси.Оваа одлука е само со спортски мотиви. Сакам и ми се потребни нови предизвици. Бајерн секогаш ќе биде мој дом, објави Алкантара на својот…