ТРЕТ ДЕН РГ: Циципас и Рубљов со пресврти, Џонсон освои само два гема

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов, до своите победи во првата рунда од Ролан Гарос, стигнаа така што го свртеа резултатот во нивна полза кога беа во негатива од 2:0 во сетови. Искусниот Стив Џонсон пак, освои само неверојатни 2 гема против Карбаљес Баена. Денот започна со сигурни победи на Матео Беретини врз Васек Поспишил и Џорџ Харис против Алексеј Попјурин. Во исто време, победа од 3:1 оствари Кристијан Гарин, но и Марк Полманс, кој како аутсајдер во овој меч го победи Уго Имбер. Нешто подоцна, можеби не треба да се…

ПРВ ДЕН РГ: Вавринка лесно со Мари, а имаше и едно големо изненадување

При крај е првиот ден од ГС турнирот Ролан Гарос кој започна утринава. Во дерби натпреварот помеѓу Вавринка и Мари, швајцарецот лесно славеше против британскиот тенисер и повратник на турнирот по скоро 4 години, со 6:1,6:3 и 6:2. Се случи едно големо изненадување. Борна Чориќ загуби со 1:3 од Норберт Гомбос. Хрватскиот тенисер, по големиот успех на претходниот ГС турнир УС Опен, каде загуби во 1/4 финале, тука во Париз првата рунда ја одигра катастрофално и без волја. Чориќ имаше 46 грешки и само 41% на освоени поени на втор…

Ролан Гарос: Кои тенисери ќе дебитираат на ГС турнир?

На овогодинешниот Ролан Гарос, деби на Грен Слем турнир ќе запишат 9 тенисери. Некои од нив успешно ги минаа сите квалификациски рунди, а некои пак добија „вајлд карта“, односно влегоа во главниот ждреб без борба. Тенисери со деби настап на ГС турнир и нивните противници во првата рунда: 1. Александар Вукиќ (24, Австралија) квалификант – Педро Мартинез2. Никола Милојевиќ (25, Србија) квалификант – Филип Крајиновиќ 3. Даниел Алтмаe (22, Германија) квалификант – Фелисијано Лопез4. Томаш Махач (19, Чешка) квалификант – Тејлор Фриц5. Стивен Диез (29, Канада) квалификант – Мекинзи МекДоналд6.…

ПСЖ врза две победи по катастрофалниот старт

Пари Сен Жермен ја запиша и втората лигашка победа по катастрофалниот старт во првите две кола, пораз од Ленс и од Марсеј. ПСЖ на гостински терен со 0:3 ја “преслуша“ Ница, па по победата над Мец, сега со 6 освоени бодови се вратија на средината од табелата. Килијан Мбапе во својот прв настап оваа сезона постигна гол од пенал во 38-та минута. Анхел Ди Марија во продолжението од првото полувреме зголеми на 0:2, а новиот капитен Маркињос постигна гол во 66-та минута за конечни 0:3. Во следното коло, ПСЖ оди…

Алваро Гонзалес: Не сум расист, Нејмар нека научи да губи

Олимпик Марсеј со 0:1 и голот на Флоријан Туван, на „Паркот на принцовите“, му го нанесе вториот пораз во второто коло на Пари Сент Жермен. Но, натпреварот во самиот финиш доби слика која не наликува на фер-плеј и убавата фудбалска игра. Мечот заврши со вкупно 5 исклучени фудбалери, меѓу кои беше и темпераментниот Нејмар. При еден дуел на центарот на игралиштето, Алваро Гонзалес и Нејмар имаа судир. Бразилецот сакаше веднаш да се реваншира, по што настана голема турканица и тепачка. Од игра беа искучени и левиот бек на ПСЖ, Курзава,…