Седум голови и на Елан Роуд, Лидс поуспешен

Англиската Премиер Лига во вистинско светло на првите два натпревари во втората рунда. Лидс Јунајтед повторно одира меч со 7 голови, овој пат против Фулам имаа вистински натпревар за уживање. Резултатот го отвори Елдер Кошта во 5-та минута, па половина час подоцна Александар Митровиќ од пенал донесе изедначување на резултатот. За 2:1, со удар од 11 метри, гол постигна Матеуш Клих.За да биде 4:1, се погрижија Патрик Бамфорд и Кошта со уште еден погодок. Боби Рид го намали резултатот на 4:2, а конечните 4:3 ги постави Александар Митровиќ во 67-та…

Арсенал со сигурна и убедлива игра на стартот

Арсенал лесно и со доминантен став ја доби екипата на Фулам. Иако добиениот состав не е големо мерило, Микел Артета со 0:3 даде до знаење дека оваа сезона сака да биде озбилен конкурент во Премиер Лигата. Тимот на Арсенал уште на почеток покажа дека сака лесни 3 бода од гостувањето кај Фулам, па во 8-та минута со голот на Лаказет го отворија резултатот. Во второто полувреме пак, за 8 минути постигнаа два гола со две асистенции на новото засилување, Вилијан. Стрелец на вториот гол беше исто така уште едно ново…

Денеска стартува Чемпионшипот, утре Премиер Лигата

Вечерва со почеток од 20:45, Вотфорд на домашен терен го пречекува Мидлзбро со што ќе ја отвори новата сезона во добропознатиот „Чемпионшип“, односно втората по квалитет англиска фудбалска лига. Додека пак утре, со почеток од 13:30, „новајлијата“ Фулам ќе го угости тимот на Микел Артета, Арсенал, за старт на најелитното натпреварување. Тимот на Вотфорд има нов стратег на клупата, србинот Владимир Ивиќ кој доаѓа од израелскиот Макаби Тел Авив. Но, со неколку важни изостаноци, ова можеби ќе биде тешко деби за познатиот тренер. Екипата на Мидлзбро минатата сезона избори опстанок…