Пандев со „паненка“ во победата на Џенова

Горан Пандев и на 37 години знае како да изведе „паненка“ во контра напад со директен дуел со голманот на новајлијата Кротоне. Македонскиот ветеран и се уште активен репрезентативец на македонската селекција, постигна преубав погодок кога го зголеми водството на 2:0 за Џенова. Пандев излезе како најбрз и најснаодлив на една топка уфрлена во простор, каде испадна одбраната на Кротоне. Неговиот тим оствари убедлива победа во отворањето на сезоната со 4:1.