Плишкова предаде, Халеп ја освои титулата (ВИДЕО)

Симона Халеп ја освои титулата во Рим откако во вториот сет Каролина Плишкова поради повреда го предаде дуелот. Романската тенисерка првиот сет го доби убедливо со 6:0, а по завршениот 3 гем во вториот сет, Плишкова соопшти дека не може да продолжи. Чешкиот рекет број 1 во женска конкуренција е ланскиот освојувач на титулата во Рим. Халеп е во низа од 14 победи и 3 освоени титули по ред и одлична форма пред големиот Ролан Гарос кој започнува наредната недела. Во продолжение можете да го видите последниот поен од мечот:

ВТА финале во Рим: Симона Халеп и Каролина Плишкова

Во женското финале на ВТА Мастерс турнирот во Рим, силите ќе ги одмерат Симона Халеп, втор носител, и Каролина Плишкова која е 4. носител. Ова ќе биде вистински дуел на титаните. Двете тенисерки се на иста возраст, поранешни број 1 рекети во светот, но со 5 титули поуспешна е романската. Симона Халеп на патот до финалниот меч беше подобра од Паолини со 2:0, Јастремска со 2:0, Путинцева и предаде при 6:2, 2:0 а во последниот натпревар ја совлада Гарбиње Мугуруза со 2:1 во сетови. Каролина Плишкова ги победи: Стрицова и…