АТП Хамбург: Циципас јури кон својата нова титула

АТП турнирот во Хамбург стигна до полуфиналните двобои, откако вчера се одиграа сите 4 натпревари од 1/4 финалната рунда. Во првиот меч, Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (2:6,5:7) го совлада пргавиот шпанец, Роберто Баутиста Агут. Вториот носител на турнирот, гркот Стефанос Циципас се мачеше во првиот сет против Душан Лајовиќ, но успеа ја да оправда улогата на втор носител во Хамбург и победи со 7:6 и 6:2. Францускиот тенисер, Уго Имбер, во три сета беше совладан од Каспер Руд 5:7,6:3 и 6:1. На крајот од денот, Кристијан Гарин –…

(ВИДЕО) Фантастичен поен на Андреј Рубљов

Фантастичен поен од многу тешка позиција одигра русинот Андреј Рубљов, на денешниот дуел со Роберто Баутиста Агут. Поенот изгледаше веќе добиен за Агут, но рускиот тенисер не се откажа. Тој од средината на теренот кај основната линија, истрча скоро до крајот на теренот, па со бекхенд удар пласираше недостижна топка за шпанецот. Рубљов го доби натпреварот со 2:6, 5:7 и се пласираше во 1/2 финале од АТП Хамбург турнирот каде го чека подобриот од мечот Имбер-Руд, кој се игра во моментов.

(ВИДЕО) Александер Бублик со несекојдневен сервис го надитри противникот

23-годишниот казахстански тенисер, Александер Бублик, имаше успешен обид каде со сервис “под рака“ го надитри својот противник, Феликс Оже-Алијасим. За овој начин на сервирање, мислењата се поделени. Некои велат дека е сосема легитимно и на овој начин може да се види дали играчот спроти вас е секогаш целосно сконцентриран. Другите пак, велат дека ова не е спортски потег и треба да се казнува. Овој удар при сервирање е дозволен во тенисот, но не е секојдневна глетка. За Бублик, не е ни прв пат. Бублик го совлада Оже-Алијасим со 6:4,6:2 па…

Фоњини на нов начин го исфрла бесот од себе (ВИДЕО)

Секогаш интересниот италијанец со нова интересна случка во свој стил, овој пат на турнирот во Хамбург. На овој начин можеби и си помогна на самиот себе, бидејќи по овој момент, Фабио Фоњини направи пресврт на натпреварот кога губеше 6:4 во првиот сет. Тој со сигурна игра и вистински удари дојде до 1:6 и 5:7, па се пласираше во 1/8, каде го чека подобриот од Каспер Руд – Беноа Пер. Не верувам дека некој вистински љубител на тенисот може да го мрази добропознатиот Фоња.