ЛИГА ЕВРОПА: ЕХФ ги објави шеширите на Металург и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги објави шеширите од групната фаза во Лига Европа за сезона 2020/21. Тимот на Еурофарм Пелистер се наоѓа во 3-от, додека пак, Металург Скопје е во последниот, односно 6-от шешир. Ждребот е закажан за утре во 11:00 часот, во Виена, а нашите претставници нема да можат да се најдат во иста група. Секоја од екипите ќе одигра вкупно 10 средби, 5 дома и 5 на гости. Од вкупниот број на екипи, првите 4 најдобро пласирани ќе го продолжат натпреварувањето во 1/8 финале. Во продолжение, можете да ги…

ЕХФ го одложи дуелот на Пик Сегед и ПСЖ

ЕХФ објави дека натпреварот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ е одложен. Додека сите други мечеви се на програмата, Европската ракометна федерација го одложи денешниот дуел на Пик Сегед и ПСЖ, откако еден играч на унгарскиот тим бил позитивен на Ковид-19. Клубот ја известил федерацијата дека тимот мора да оди во карантин поради протоколите од националната здравствена организација во Унгарија. Условите не дозволуваат мечот да се одигра денеска со почеток во 18:45 часот, па ЕХФ во наредните денови ќе одреди нов термин за одржување, во договор со двата тима.

Вардар со минимален пораз се враќа од Брест

РК Вардар 1961 своето патешествие во ракометната Лига на Шампиони, годинава го започна со минимален пораз од 22:24, против екипата на Мешков Брест во Белорусија. До средината на првото полувреме резултатот беше изедначен, но пред крајот на периодот, Мешков Брест се одлепи на 2 разлика и на полувреме замина со предност од 12:10. Во вториот дел, темпото го диктираше нашиот тим и имаше водство 18:20, но не можеа да издржат со таква игра до самиот крај. Мешков го сврте резултатот со сигурни реализации и феномелната игра во одбраната, па со…

Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш ги положија поправните испити

Откако стартуваа со порази во првото коло, екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш, остварија победи во второто коло. Битолскиот втор тим, на домашен терен го совлада Работнички со сигурни 35:23, а Радовиш беше подобар од Голден Арт КЛ7 со 33:29. Тимот на Прилеп првенството го стартуваше со пораз, откако беше слободен во првото коло минатата недела. Тие изгубија на домашен терен од реално посилната екипа на Металург Скопје со 21:28. Вториот состав што беше слободен во првото коло, вчера започна со победа. Струга со 22:20 и голем пресврт во…

Металург поуспешен од Еурофарм Пелистер 2

На отворањето на новата сезона во првата машка ракометна лига, тимот на Металург Скопје забележа победа против вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот заврши со 25:21 за домаќините. Металург ја оправда фаворитската улога на стартот и со солидна победа го започна патот до успехот во втората група Б. Од останатите дуели, Бутел Скопје убедливо го совлада Работнички на негов терен со 23:33, Јуниор КВ дома загуби од Тинекс Пролет Скопје со 20:26, Охрид на гости ја победи екипата на Голден Арт КЛ7, Младост со 27:25 го совлада Тиквеш, а во…