Денеска се игра втората рунда од англискиот Лига Куп

Денеска се играат натпреварите од второто коло во англискиот Лига Куп, кој е воедно и втор официјален Куп во Англија. За многумина ова е непотребно натпреваруње поради фактот што успехот не носи место во европските натпреварувања. Но, за англиските фанови, настап на нивниот омилен клуб во било кое време и место значи тотално уживање. Ќе се одиграат вкупно 25 натпревари во оваа коло, а од директно пласираните екипи во 1/16, ждребот веќе одреди една двојка односно мечот помеѓу Лестер-Арсенал. Останатите кои го чекаат својот противник се Тотенхем (Лејтон Ориент или…