Алваро Гонзалес: Не сум расист, Нејмар нека научи да губи

Олимпик Марсеј со 0:1 и голот на Флоријан Туван, на „Паркот на принцовите“, му го нанесе вториот пораз во второто коло на Пари Сент Жермен. Но, натпреварот во самиот финиш доби слика која не наликува на фер-плеј и убавата фудбалска игра. Мечот заврши со вкупно 5 исклучени фудбалери, меѓу кои беше и темпераментниот Нејмар. При еден дуел на центарот на игралиштето, Алваро Гонзалес и Нејмар имаа судир. Бразилецот сакаше веднаш да се реваншира, по што настана голема турканица и тепачка. Од игра беа искучени и левиот бек на ПСЖ, Курзава,…