Медведев без изгубен сет до 1/2 на УС Опен

Последниот Грен Слем во сезоната, а оваа година само втор во годината, стигна до завршната фаза и во двете конкуренции. Даниел Медведев бележи одличен настап на овогодинешниот УС Опен, кој поради пандемијата со Коронавирус се игра во специфични услови, и без изгубен сет стигна до полуфиналниот дуел против Доминик Тим. Тој пак, на патот до овој дуел изгуби само еден единствен сет во петте дуели од хрватот Марин Чилиќ. Вториот пар го сочинуваат Александар Зверев и Пабло Карењо Буста. Седмиот носител на турнирот се очекува да да има тежок меч…