Денвер се враќа во игра, трипл-даблот на Џејмс без ефект

Денвер Нагетс утрово со почеток во 03:00 часот, го победи тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 114:106 (63:53) и ја намали негативата на 2:1, по одиграни три натпревари во серијата. Одличниот Џамал Мари со скоро 44 одиграни минути, постигна 28 поени и додаде 12 асистенци, покрај 8-те скокови. Веднаш зад него беше Џереми Грент со 26 поени, а Никола Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок со 22 поени и 10 скокови. Кај „езерџиите“, Леброн Џејмс оствари „трипл-дабл“ со 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции, но без ефект овој пат. Втор на…

ВИДЕО: Дејвис со 3 поени во последната секунда за победа на ЛАЛ

Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 стигна до 2:0 во финалната серија на западна конференција против Денвер Нагетс, откако Ентони Дејвис погоди шут за 3 поени во последната секунда од натпреварот. Дејвис воедно беше и најефикасен играч на мечот со 31 поен, веднаш зад него беше исто така феноменалниот Никола Јокиќ со 30 поени. Лејкерс има предност на полувреме од 10 поени, но во вториот дел Нагетс успешно ја стопи разликата и на само 2 секунди пред крајот имаше водство од еден поен односно 103:102. Се ќе беше поинаку доколку топката…

ФИНАЛЕ НА ЗАПАД: Лејкерс 1 Денвер 0

Првиот натпревар од финалната битка на западната конференција отиде во прилог на Лос Анџелес Лејкерс, со 12 поени разлика, 126:114. Составот на Френк Вогел го доби натпреварот со одличните две четвртини пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме. Во овие 24 минути, направија разлика од 16 поени, која беше недостижна за Денвер. Ентони Дејвис оствари „дабл-дабл“ учинок. Тој постигна 37 поени, имаше 10 скокови и додаде 4 асистенции. Одличниот Леброн Џејмс го разигруваше тимот со 12 асистенции, па одличен настап забележаа Поуп со 18 и Хауард со 13…