РОЛАН ГАРОС 1/16: Вавринка и Беретини во аут, Надал и Ѓоковиќ сигурни

Грен Слем турнирот во Париз влезе во втората недела, а вчера и денеска беше комплетирано 1/16 финале. По едно големо изненадување во секој ден, а првите два носители не дозволија никакви изненадувања. ДЕН 1 Петокот започна со добар тренинг за Доминик Тим кој траеше 2 часа и 15 минути. Тој беше подобар од Каспер Руд со 6:4, 6:3 и 6:1. Тој во 1/8 финале игра со младиот французин, Иго Гастон кој со феноменална игра беше првото изненадување во оваа рунда. Гастон со 2:3 во сетови го победи искусниот Вавринка, кој…

ПЕТТИ ДЕН РГ: Крај за Шаповалов и Лајовиќ, Ѓоковиќ изгуби само 5 гема

Денеска беше комплетирана втората рунда на Ролан Гарос, па во наредните два дена, пред нас ќе ги имаме сите 16 дуели од трета рунда. Денот започна со изненадување бидејќи во 5 сета, натпреварувањето заврши за младиот, талентиран но многу лабилен тенисер – канаѓанецот Денис Шаповалов. Тој загуби од Роберто Карбаљес Баена во тешка и напорна борба која траеше скоро 5 часа. Шпанецот во третата рунда оди на одличниот Григор Димитров, кој е на 6/0 од првите два натпревари. Во истиот термин, сигурни победи остварија Фучович над Рамос и Монтеиро над…

ТРЕТ ДЕН РГ: Циципас и Рубљов со пресврти, Џонсон освои само два гема

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов, до своите победи во првата рунда од Ролан Гарос, стигнаа така што го свртеа резултатот во нивна полза кога беа во негатива од 2:0 во сетови. Искусниот Стив Џонсон пак, освои само неверојатни 2 гема против Карбаљес Баена. Денот започна со сигурни победи на Матео Беретини врз Васек Поспишил и Џорџ Харис против Алексеј Попјурин. Во исто време, победа од 3:1 оствари Кристијан Гарин, но и Марк Полманс, кој како аутсајдер во овој меч го победи Уго Имбер. Нешто подоцна, можеби не треба да се…

ВТОР ДЕН РГ: Испаднаа Крајиновиќ и Оже-Алијасим, маратон на Ѓустино и Муте

Вториот ден на Ролан Гарос е во завршна фаза и во глобала имаме очекувани резултати. Сепак, имаше и некои на кои тениските фанови не се надеваа, што е апсолутно нормално. Денот започна со рутинската победа на еден од главните фаворити за освојување на турнирот во Париз, Доминик Тим. Австриецот со само 10 изгубени гема дојде до лесна победа против Марин Чилиќ. Но, нешто подоцна, по вчерашниот пораз на Борна Чориќ, се случи уште едно големо изненадување – натпреварувањето го заврши младиот канадски талент, Феликс Оже-Алијасим. Тој загуби од јапонецот Јошихито…

Во изменети услови и нов термин, започна големиот Ролан Гарос

Започна Грен Слем турнирот на земјена подлога, големиот Ролан Гарос. Денеска од 11:00 часот, со првите три натпревари, па до 11.10.2020, на програмата ќе бидат интересните дуели од Париз. Новак Ѓоковиќ е носител во горниот дел од ждребот, а на другата страна стои Рафаел Надал. Тие своите први мечеви ги играат утре против Микел Имер, односно Игор Герасимов. Денеска турнирот со своите дуели го отворија домашниот Бенџамин Бонзи против Емил Росувуари, Себастијан Корда против ветеранот Андреас Сепи и младиот Јаник Синер кој својот меч од првата рунда го игра против…