Вулвс ја претстави третата гарнитура

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон од Англија, го претстави третиот дрес за новата сезона 2020/21 и сега навистина го оправдуваат второто име – “ФК Португалија“. Португалецот Нуњо Еспирито Санто, во тимот има 9 “свои“ играчи. Дали ова со дресот е случајно или е маркетиншки трик, останува да видиме деновиве, но изгледа фантастично. Во продолжение, можете да ги прочитате сите имиња на фудбалери од првиот тим на „Волците“ кои доаѓаат од Португалија:1. Руи Патрисио2. Рубен Винагре3. Рубен Невеш4. Даниел Поденс5. Жоао Мутињо6. Витиња7. Педро Нето8. Диого Жота9. Фабио Силва