ПСЖ врза две победи по катастрофалниот старт

Пари Сен Жермен ја запиша и втората лигашка победа по катастрофалниот старт во првите две кола, пораз од Ленс и од Марсеј. ПСЖ на гостински терен со 0:3 ја “преслуша“ Ница, па по победата над Мец, сега со 6 освоени бодови се вратија на средината од табелата. Килијан Мбапе во својот прв настап оваа сезона постигна гол од пенал во 38-та минута. Анхел Ди Марија во продолжението од првото полувреме зголеми на 0:2, а новиот капитен Маркињос постигна гол во 66-та минута за конечни 0:3. Во следното коло, ПСЖ оди…

ЕХФ го одложи дуелот на Пик Сегед и ПСЖ

ЕХФ објави дека натпреварот помеѓу Пик Сегед и ПСЖ е одложен. Додека сите други мечеви се на програмата, Европската ракометна федерација го одложи денешниот дуел на Пик Сегед и ПСЖ, откако еден играч на унгарскиот тим бил позитивен на Ковид-19. Клубот ја известил федерацијата дека тимот мора да оди во карантин поради протоколите од националната здравствена организација во Унгарија. Условите не дозволуваат мечот да се одигра денеска со почеток во 18:45 часот, па ЕХФ во наредните денови ќе одреди нов термин за одржување, во договор со двата тима.

Алваро Гонзалес: Не сум расист, Нејмар нека научи да губи

Олимпик Марсеј со 0:1 и голот на Флоријан Туван, на „Паркот на принцовите“, му го нанесе вториот пораз во второто коло на Пари Сент Жермен. Но, натпреварот во самиот финиш доби слика која не наликува на фер-плеј и убавата фудбалска игра. Мечот заврши со вкупно 5 исклучени фудбалери, меѓу кои беше и темпераментниот Нејмар. При еден дуел на центарот на игралиштето, Алваро Гонзалес и Нејмар имаа судир. Бразилецот сакаше веднаш да се реваншира, по што настана голема турканица и тепачка. Од игра беа искучени и левиот бек на ПСЖ, Курзава,…