(ФОТО) Како навивачите на Рига го следеа натпреварот со Селтик

Навивачите на Рига дошле до интересно решение како да го гледаат фудбалскиот меч на нивниот тим против силниот Селтик, поради забраната за присуство на публика. Тие изнајмиле два двокатни автобуси и ги сместиле позади едниот од головите, бидејќи стадионот нема трибина на тој дел. Рига за жал несреќно загуби со 0:1 во 90-от минут, со што го заврши “европскиот пат“. (Photo Twitter: @JustinWalley10)