Новак Ѓоковиќ го освои мастерсот во Рим

Србинот Новак Ѓоковиќ го освои АТП Мастерс турнирот во Рим со 2:0 против Диего Шварцман. Аргентинецот пружи одлична борба во првиот сет каде имаше и два брејка предност, но ја испушти позитивата со слабиот сервис, па првиот сет го изгуби дури и со брејк, 7:5. На почетокот на вториот сет, Шварцман пак доби шанса за поправен испит откако Ѓоковиќ го изгуби својот сервис. Но, српскиот тенисер беше поодлучен и посконцентриран, па ја стопи негативата и освои уште 2 брејка до крајот, за 6:3 и голема титула на турнирот во Италија.…

Плишкова предаде, Халеп ја освои титулата (ВИДЕО)

Симона Халеп ја освои титулата во Рим откако во вториот сет Каролина Плишкова поради повреда го предаде дуелот. Романската тенисерка првиот сет го доби убедливо со 6:0, а по завршениот 3 гем во вториот сет, Плишкова соопшти дека не може да продолжи. Чешкиот рекет број 1 во женска конкуренција е ланскиот освојувач на титулата во Рим. Халеп е во низа од 14 победи и 3 освоени титули по ред и одлична форма пред големиот Ролан Гарос кој започнува наредната недела. Во продолжение можете да го видите последниот поен од мечот:

ВТА финале во Рим: Симона Халеп и Каролина Плишкова

Во женското финале на ВТА Мастерс турнирот во Рим, силите ќе ги одмерат Симона Халеп, втор носител, и Каролина Плишкова која е 4. носител. Ова ќе биде вистински дуел на титаните. Двете тенисерки се на иста возраст, поранешни број 1 рекети во светот, но со 5 титули поуспешна е романската. Симона Халеп на патот до финалниот меч беше подобра од Паолини со 2:0, Јастремска со 2:0, Путинцева и предаде при 6:2, 2:0 а во последниот натпревар ја совлада Гарбиње Мугуруза со 2:1 во сетови. Каролина Плишкова ги победи: Стрицова и…

Шварцман за само 1 поен подобар од Шаповалов за финале во Рим

По 3 часа и 15 минути напорна борба, мораше да има само еден победник кој ќе се пласира во големото финале на АТП Мастерс турнирот во Рим, против исто така „големиот“ Новак Ѓоковиќ. Србинот го совлада младиот Руд со 7:5, 6:3. Диего Шварцман и Денис Шаповалов одиграа 34 гема плус тај-брејк соочување во третиот сет. Тие на натпреварот вкупно имаа 225 поени, а за само еден односно 113 наспрема 112, поуспешен беше аргентинецот. Токму тој еден поен во завршниот сет го одлучи победникот на овој фантастичен меч. Интересно е што,…

Летечкиот Шварцман доминираше, Надал со очајна игра

Бразилецот Диего Шварцман се пласираше во полуфиналето од АТП Мастерс турнирот во Рим, откако со 6:2, 7:5 славеше против Рафаел Надал, 9 пати освојувач на истиот. Со само 43% и освоени 13/27 на прв сервис, а 16/36 на втор сервис, Надал немаше никакви шанси против разиграниот Шварцман. За Диего, ова е најголема победа во животот бидејќи беше прв пат подобар од втор носител на еден турнир. За Надал може да се каже дека ја одигра една од најслабите партии во својата богата тениска кариера. Во борба за големото финале, Шварцман…

Ѓоковиќ на искуство, Руд до историски резултат

Горната половина од ждребот во Рим, го одреди полуфиналниот дуел. За меч во големото финале ќе вкрстат првиот носител, Новак Ѓоковиќ и младиот 34. играч во светот, Каспер Руд. Ѓоковиќ со мали компликации во вториот сет, но на “мускули“ и големо искуство не дозволи изненадување од германецот Кепфер, па со конечни 6:3, 4:6 и 6:3 се пласираше во финалето. Србинот изгледаше нервозно на средината од вториот сет, откако не успеа да го задржи брејкот од самиот старт при 2:1 во неговата корист. Германецот се врати, поведе со 3:4 во моменти…

Надал и Ѓоковиќ се загреваат за финале во Рим

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, првиот и вториот носител на АТП Мастерс турнирот во Рим, и во вториот нивен настап лесно се справија со противниците. Надал во 1/8 финалето беше убедливо подобар од србинот Душан Лајовиќ, дозволувајќи му само 4 освоени гема. Ѓоковиќ пак наиде на мал отпор од страна на својот сонародник, Филип Крајиновиќ, па во првиот сет одигра тај-брејк а во вториот со два брејка и 6:3 се пласираше во 1/4 финалето. Утре на програмата се натпреварите од четвртото коло:Ѓоковиќ – КепферБеретини – Руд Шаповалов – ДимитровШварцман –…

Рафаел Надал си поигра со својот сонародник

По шест ипол месеци пауза, Рафаел Надал фуриозно го отвори својот прв настап на турнирот во Рим. Убедливо го доби својот сонародник, воедно и полуфиналист на УС Опен, Пабло Карењо Буста, два пати по 6:1 Надал имаше мошне низок процент на уфрлени топки на прв сервис, само 49, но освои 15/19 поени на истиот, за разлика од својот противник кој имаше високи 73% ама освоени само 19/41 поени. На вториот сервис пак, Буста беше очаен и имаше само 33%, во споредба со огромните 80% на Надал. Тоа доведе и до…

ИТАЛИЈА ВО ТРАНС: Нивните млади тенисери газат се пред себе

Јаник Синер – нов приредувач на изненадувања на овогодинешниот АТП Мастерс турнир во Рим, по вчерашната огромна победа на Лоренцо Мусети над Станислас Вавринка. Денеска, младиот италијанец беше скоро па убедливо подобар од третиот носител на турнирот, грчкиот тенисер Стефанос Циципас, со 6:1, 6:7 и 6:3. Со само 19 години, Јаник Синер обезбеди 1/8 финале и го чека подобриот од дуелот Димитров – Нишиока.Во првото коло, тој лесно го совлада контроверзниот Беноа Пер, со 6:2, 6:1 за 64 минути игра. Денеска лесни триумфи забележаа и остантите домашни играчи. Матео Беретини…

Младиот Мусети му одржа лекција на Вавринка

Лоренцо Мусети беше подобар од Станислас Вавринка со 6:0 7:6(2) во првото коло од АТП Мастерс турнирот во Рим. Осумнаесетгодишниот Мусети закажа средба со уште еден искусен тенисер во второто коло, јапанецот Кеи Нишикори. Италијанецот беше повеќе мотивиран и сакаше своето време на турнирот да го искористи на најдобар можен начин. Тоа и го стори, го совлада вистинскиот борец, кој очигледно не беше доволно заинтересиран за овој меч. Во тенисот, тоа се вели како „немал ден“ играчот. Лоренцо Мусети помина 3 квалификациски кола за да дојде до главниот ждреб на…