ТРЕТ ДЕН РГ: Циципас и Рубљов со пресврти, Џонсон освои само два гема

Стефанос Циципас и Андреј Рубљов, до своите победи во првата рунда од Ролан Гарос, стигнаа така што го свртеа резултатот во нивна полза кога беа во негатива од 2:0 во сетови. Искусниот Стив Џонсон пак, освои само неверојатни 2 гема против Карбаљес Баена. Денот започна со сигурни победи на Матео Беретини врз Васек Поспишил и Џорџ Харис против Алексеј Попјурин. Во исто време, победа од 3:1 оствари Кристијан Гарин, но и Марк Полманс, кој како аутсајдер во овој меч го победи Уго Имбер. Нешто подоцна, можеби не треба да се…

(ВИДЕО) Фантастичен поен на Андреј Рубљов

Фантастичен поен од многу тешка позиција одигра русинот Андреј Рубљов, на денешниот дуел со Роберто Баутиста Агут. Поенот изгледаше веќе добиен за Агут, но рускиот тенисер не се откажа. Тој од средината на теренот кај основната линија, истрча скоро до крајот на теренот, па со бекхенд удар пласираше недостижна топка за шпанецот. Рубљов го доби натпреварот со 2:6, 5:7 и се пласираше во 1/2 финале од АТП Хамбург турнирот каде го чека подобриот од мечот Имбер-Руд, кој се игра во моментов.