Утре и задутре полуфинале од квалификациите во ЛШ

Утре и задутре ќе се одиграат 8 дуели за влез во финалната рунда од квалификациите за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Директно место во последната фаза имаат обезбедено: Славија Прага, Салзбург, Олимпијакос и руски Краснодар. Утрешниот ден со првиот дуел го отвораат Динамо Киев и Алкмар во 19:00. Еден час подоцна, во Солун ќе играат ПАОК и Бенфика, а во 20:30, Рапид Виена ќе има гостување кај белгиски Гент. Во среда, место во последните 12 клуба ќе бараат: Омонија и Црвена Звезда, Ференцварош и хрватски Динамо, Макаби Тел Авив…