Следната недела започнува СЕХА, објавени групите

На 10-ти октомври (недела), започнува новата сезона од регионалното ракометно натпреварување, СЕХА лигата. Оваа година ги имаме истите членови поделени во две групи, но со по 5 тима. Пробната сезона од минатата година заврши за Беижинг Универзитет и ЦСКА Москва, кои служеа само за поправување на гол разликата. РК Вардар 1961 останува во Група А, додека РК Еурофарм Пелистер е во групата Б. Само за потсетување, ланскиот шампион е унгарски Веспрем, кој беше подобар од нашиот Вардар, а третата позиција ја освои Мешков Брест во дуел со ППД Загреб.