Азаренка ја сруши изморената Вилијамс, ново финале со Осака

Викторија Азаренка со 2:1 во сетови ја победи Серена Вилијамс и закажа финале со Наоми Осака, која беше подобра од Брејди со 2:1. Фановите на тенисот се надеваат дека овој пат Осака ќе излезе на терен и ќе го одигра мечот, што не беше случај на претходниот турнир во Синсинати каде го предаде финалето на Азаренка. Вилијамс убедливо го доби првиот сет со 6:1, но потоа настапи Азаренка силно со пресврт два пати по 6:3. До вчерашниот дуел, Азаренка немаше добиено меч против Вилијамс, 10:0 во меѓусебни дуели. Но, на…