ИТАЛИЈА ВО ТРАНС: Нивните млади тенисери газат се пред себе

Јаник Синер – нов приредувач на изненадувања на овогодинешниот АТП Мастерс турнир во Рим, по вчерашната огромна победа на Лоренцо Мусети над Станислас Вавринка. Денеска, младиот италијанец беше скоро па убедливо подобар од третиот носител на турнирот, грчкиот тенисер Стефанос Циципас, со 6:1, 6:7 и 6:3. Со само 19 години, Јаник Синер обезбеди 1/8 финале и го чека подобриот од дуелот Димитров – Нишиока.Во првото коло, тој лесно го совлада контроверзниот Беноа Пер, со 6:2, 6:1 за 64 минути игра. Денеска лесни триумфи забележаа и остантите домашни играчи. Матео Беретини…