СЕ СЛУЧИ И ОВА: Натпревар од Ролан Гарос под истрага за местење

Тениски натпревар од првата рунда во женската дубл конкуренција на Ролан Гарос, под истрага поради сомневање за можно местење на резултатот. Се работи за мечот помеѓу Миту/Тиг и Сизикова/Бренгл. Според обложувалниците, голем фаворит во овој дуел бил првиот пар кој е составен од две искусни романски тенисерски. Но, главен фактор во оваа приказна има русинката Јана Сизикова (25 годишна со 652 место во сингл и 89 во дубл). Имено, во вториот сет (првиот очекувано го добле Миту/Тиг со 7:6), при резултат 2:2 и сервис на Сизикова, голем број од букмејкерите…