Адебајо одлучи Мајами да не потклекне

Центарот на Мајами Хит, Бем Адебајо, со одлична блокада врз Џејсон Тејтум, ја обезбеди првата победа на неговиот тим во финалето од источната конференција. На полувреме беше нерешено, но имавме и таков крај. Натпреварот заврши со 106:106 и отиде во продолжение, па по 5 одиграни минути, Мајами славеше со конечни 117:114. Најефикасен во тимот на Сполстра беше словенецот Горан Драгиќ со 29 поени. Одлична партија имаше и младиот Тајлер Хиро, кој овој плеј-оф го игра извонредно, но за влакно не оствари трипл-дабл. Тој постигна 12 поени, имаше 11 скокови и…