2. МФЛ: Тиквеш лидер на исток, Скопје на запад

Девет дуели беа одиграни од 4. коло во Втората македонска фудбал лига. Во последниот натпревар од рундаата, денеска силите ќе ги одмерат тимовите на Лабуништа и Дрита, кои досега немаат запишано победа. Вчера, ФК Скопје на гости против ФК Охрид беше подобар со 0:1, а ФК Тиквеш со 0:3 го совлада тимот на Кит-Го Пехчево со што го зазема водечкото место на исток. КФ Гостивар одигра нерешено на домашен терен против Велешта и остана на втората позиција на запад. Брегалница одигра исто така 1:1 против екипата на Осогово со што…