Многу сериозно ќе настапиме против Шкендија, рече Мурињо

Големиот и скап Тотенхем, заедно со неповторливиот Жозе Мурињо, утре гостува во Скопје против тетовскиот фудбалски клуб Шкендија. Утре со почеток од 20:00 часот, не’ очекува дуел од 3-та квалификациска рунда на Лига Европа, која води во плеј-оф средбите за пласман во главниот ждреб. На националната арена „Тодор Проески“, Шкендија ќе го пречека Тотенхем. На последната прес конференција, португалецот изјави дека максимално ќе se ангажира за оваа средба, бидејќи знае колку се тешки натпреварите со балканските екипи. За пример го наведе последниот дуел со бугарскиот тим Локомотив Пловдив, каде англичаните…

ПРЕМИЕР ЛИГА: Нов натпревар од 7 голови, Сон со 4

Откако вчера Евертон ја победи екипата на ВБА со 5:2, Лидс беше подобар од Фулам со 4:3, денеска во првиот меч Тотенхем на гости со 2:5 славеше против Саутемптон. Ова е трет натпревар во оваа коло со 7 постигнати погодоци. Неверојатно е што за четирите голови на Сон Хјон-Мин асистент беше Хари Кејн. Англискиот напаѓач се награди и со гол, откако на одбиена топка по шут на Ерик Ламела, беше на вистинското место во петерецот. За Саутемптон, Дени Ингс беше стрелец на двата голови, првин при 0:1 негатива изедначи на…

Герет Бејл пристигна во Лондон кај Мурињо

Герет Бејл пристигна во Лондон за потпис со Тотенхем. Велшкиот репрезентативец ќе заигра клупски фудбал откако минатата сезона во Реал Мадрид имаше само 16 настапи, со многу мала минутажа. Бејл ќе биде на позајмица во Тотенхем со право на откуп наредната сезона. Нов играч за Мурињо ќе биде и Серхио Регилон, кој заедно во приватен авион долета со Бејл и газдата на Тотенхем, Даниел Леви. Ова ќе бидат две големи засилувања за лондонскиот тим, кој се обидува да дојде до групната фаза од Лига Европа, но и со сигурност ќе…