Руско-грчки дуел како дерби соочување од последната рунда за ЛШ

Денеска на програмата се три квалификациски натпревари од вкупно шест во последната рунда за пласман во главната фаза од Лигата на шампионите за сезона 20/21, а останатите мечеви се играат утре. Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот, а како најинтересен се издвојува Краснодар против Паок, руско-грчки дуел помеѓу две исклучително силни екипи. Макаби Тел Авив го пречекува Салзбург а Мидтјиланд оди во Чешка против Славија Прага. Во оваа завршна фаза, се играат и реванш дуели една недела подоцна на 29-ти и 30-ти септември. Останува забраната за присуство на публика во…

Утре и задутре полуфинале од квалификациите во ЛШ

Утре и задутре ќе се одиграат 8 дуели за влез во финалната рунда од квалификациите за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Директно место во последната фаза имаат обезбедено: Славија Прага, Салзбург, Олимпијакос и руски Краснодар. Утрешниот ден со првиот дуел го отвораат Динамо Киев и Алкмар во 19:00. Еден час подоцна, во Солун ќе играат ПАОК и Бенфика, а во 20:30, Рапид Виена ќе има гостување кај белгиски Гент. Во среда, место во последните 12 клуба ќе бараат: Омонија и Црвена Звезда, Ференцварош и хрватски Динамо, Макаби Тел Авив…