Доминик Тим го освои УС Опен 2020

Петти пат во историјата, а прв пат надвор од Ролан Гарос, некој да освои титула на Грен Слем по заостаток од 0:2 во сетови. Тоа го стори Доминик Тим, откако Александар Зверев имаше големи 2:0. Австриецот губеше со 6:2 и 6:4, но по третиот 4:6 сет, најави пеколна завршница. Во четвртиот, со само 2 направени грешки, со 3:6 го изедначи сет-количникот. На крајот, во петиот сет, се водеше неверојатна битка па со тај-брејк заминаа на кратка пауза. Тука поуспешен беше Тим, со 8:6 стана овогодинешниот освојувач на УС Опен. Ни…

Наоми Осака со пресврт до титула на УС Опен

Наоми Осака беше подобра во финалниот дуел од Викторија Азаренка, и со вкупни 1:6, 6:3 и 6:3 ја освои титулата на Грен Слем турнирот во Америка. Во првиот сет, доминантна беше Азаренка и со високи 1:6 замина на пауза. Но, во следните два, Осака изгледаше посконцентирано и имаше поголем број на винери отколку грешки. Изгледаше феноменално на теренот и имаше поголема желба од својата противничка да дојде до титулата. За 22 годишната Јапанка, ова е 3 Грен Слем титула, откако претходно во 2018 година го освои за прв пат УС…

Зверев со пресврт, Тим го прегази Медведев

Германецот со руско потекло, направи голем пресврт против шпанскиот тенисер па со победа од 3:2 закажа финале против Доминик тим, кој убедливо го доби Медведев. УС Опен е на самиот крај, а вчера бевме сведоци на два извонредни натпревари во машката конкуренција. Првин, Карењо Буста имаше огромна предност од 2:0 во сетови против Александар Зверев, но како што знаеме од минатото, никогаш и ништо не е доволно додека се игра натпреварот. Па така, Зверев смогна сили и го сврте натпреварот во негова полза. Со извонредни 24 ас сервиси и 71…

Азаренка ја сруши изморената Вилијамс, ново финале со Осака

Викторија Азаренка со 2:1 во сетови ја победи Серена Вилијамс и закажа финале со Наоми Осака, која беше подобра од Брејди со 2:1. Фановите на тенисот се надеваат дека овој пат Осака ќе излезе на терен и ќе го одигра мечот, што не беше случај на претходниот турнир во Синсинати каде го предаде финалето на Азаренка. Вилијамс убедливо го доби првиот сет со 6:1, но потоа настапи Азаренка силно со пресврт два пати по 6:3. До вчерашниот дуел, Азаренка немаше добиено меч против Вилијамс, 10:0 во меѓусебни дуели. Но, на…

Медведев без изгубен сет до 1/2 на УС Опен

Последниот Грен Слем во сезоната, а оваа година само втор во годината, стигна до завршната фаза и во двете конкуренции. Даниел Медведев бележи одличен настап на овогодинешниот УС Опен, кој поради пандемијата со Коронавирус се игра во специфични услови, и без изгубен сет стигна до полуфиналниот дуел против Доминик Тим. Тој пак, на патот до овој дуел изгуби само еден единствен сет во петте дуели од хрватот Марин Чилиќ. Вториот пар го сочинуваат Александар Зверев и Пабло Карењо Буста. Седмиот носител на турнирот се очекува да да има тежок меч…