Вардар едвај го совлада истоимениот Форино

Фудбалскиот клуб Вардар од Скопје, после изведување на пенали беше подобар од гостиварскиот Вардар Форино, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со 2:2. За Вардар, од пенал првин стрелец беше Блажевски во 37-та минута. Во вториот дел, Петковски во 57-та минута го зголеми водството на 0:2. Но, со двата брзи гола на Амир Алиу во 72-ра и 74-та минута, гостиварци обезбедија изведување на удари од 11 метри. Вкупно беа изведени дури 18, а со само 2 промашени пенали, ФК Вардар се пласираше во 1/8 финале од Купот на Македонија за…

Одложен е натпреварот на Вардар со Елверум

Натпреварот од 2. коло од ЕХФ лигата на шампиони, помеѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24. септември 2020 година во Скопје, е одложен. Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот, стои во соопштението на РК Вардар 1961. Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено не во…

1. МФЛ: Струга кај Работнички, Вардар во Ѓорче

Денеска во 15:30 часот, се играат два интересни дуели од шестото натпреварувачко коло во Првата македонска фудбалска лига, со еден директен пренос на МРТ 1. Составот на Вардар ќе го игра својот натпревар на гости со Македонија Ѓорче Петров, а директен пренос ќе има на МРТ 1. Во вториот натпревар, Работнички ќе биде домаќин на Струга Трим и Лум. Во минатото коло, вардарци му приредија мало изненадување на Шкупи со победата од 1:0, па сега мотивирани можеби ќе покажат добра игра и против Македонија ЃП. Тие својот последен резултат го…

Вардар со минимален пораз се враќа од Брест

РК Вардар 1961 своето патешествие во ракометната Лига на Шампиони, годинава го започна со минимален пораз од 22:24, против екипата на Мешков Брест во Белорусија. До средината на првото полувреме резултатот беше изедначен, но пред крајот на периодот, Мешков Брест се одлепи на 2 разлика и на полувреме замина со предност од 12:10. Во вториот дел, темпото го диктираше нашиот тим и имаше водство 18:20, но не можеа да издржат со таква игра до самиот крај. Мешков го сврте резултатот со сигурни реализации и феномелната игра во одбраната, па со…

РК Вардар 1961 утре го започнува “Тешкото“

Ракометниот клуб Вардар 1961, утре го игра својот прв натпревар од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони. Новиот проект на чело со Стевче Алушовски како главен тренер, ќе има тешка задача првин на оваа гостување, а подоцна и на останатите натпревари бидејќи е дел од пеколна група со вкупно 8 екипи. Во новиот формат на ЕХФ, натпреварувањето е одредено со Група А и Група Б, а со вкупно 16 екипи. Првите 2 од групите одат во четвртфинале, од 3 до 6 место одат во плеј-оф (за да се формираат…