(ВИДЕО) Одбојката понекогаш е вистинско чудо, поенот траеше скоро една минута

На одбојкарски меч, во финалето од италијанскиот Супер Куп помеѓу екипите на Лубе и Перуџа, се одигра поен кој не е во рамките на нормалното. Во третиот сет, при резултат 13:17 и сервис за Перуџа, Османи Хуанторена успешно го започна поенот. Во оваа тешка борба, подобар беше тимот на Перуџа, кој воедно и го доби целиот меч со 2:3 во сетови и го освои Супер Купот. Играчите толку многу беа изморени, па тренерот на Перуџа, Витал Хејнен, мораше да повика тајм аут.